Достапни линкови

logo-print

Се тргаат барикадите во Ош


Киргистански воени сили денеска почнаа отстранување на барикадите околу етничките узбечки области во јужниот дел на Киргистан , во градот Ош. Оклопни возила туркаа на страна стари автомобили, бетонски столбови, дрва кои беа поставени како барикади по избувнувањето на судирите меѓу Узбеците и Киргизите . Новинските агенци јавуваат дека во некои области на војниците им помагале и локалните жители и тие ги остранувале блокадите. Немирите предизвикаа хуманитарна криза. Привремената влада во Киргистан ја продолжи вонредната состојба во Ош до 25 јуни.
XS
SM
MD
LG