Достапни линкови

Фереџето дел од исламската традиција


Муслимански жени

Муслимански жени

Се почесто низ улиците во државата може да се забележат млади жени со бурки, шамии и фереџе... Тие велат дека досега не почувствувале дискриминација поради облеката. Во Македонија, според Уставот, се почитува религиозната слобода на верско изразување на сите заедници што се регистрирани и ги почитуваат законските норми во државата.

Млади и возрасни жени со бурки, шамии, фереџе, забулени... Жени, со овој религиозен симбол на муслиманството ги има се повеќе низ Македонија. Млади Aлбанки, Tурчинки или Bошњачки облечени по последна мода, седнати во кафулиња.

„На факултет бев единствена покриена, немав чувство дека сум различна, ниту од страна на професорите, ниту од студентите, но во суштина постојат големи предрасуди во Европа и низ целиот свет“,
На факултет бев единствена покриена, немав чувство дека сум различна ниту од страна на професорите, ниту од студентите, но во суштина постојат големи предрасуди во Европа и низ целиот свет.
раскажува Мерсиха Смаиловиќ, која како апсолвент на Правниот факултет, пред три години, решително ја водеше акцијата на жените муслиманки да им се дозволи сликање во македонскиот пасош со шамија.

Сега како правен конуслтант не пречека во старата скопска чаршија во традиционалниот хиџап стил на облекување, долг мантил и шамија во сина боја. Елегантна и решителна, со јасни религиозни, но и општествени размислувања и околу дебатата про и контра „бурки“ што се води во одделни европски држави.

„Во време на глобална економска криза и климатско загадување, да се занимаваат сериозни држави и влади со нечие лично убедување, за мене навистина нема смисла. Како муслиманка сметам дека тоа е навистина големо кршење на правата на луѓето затоа што личното облекување е лично право на граѓанинот, државата не е таа која треба да се меша во верските слободи и права на луѓето, таа е тука да ги штити, а не да го ограничува.“
Илустрација: Жена со фереџе

Исламот да го применуваш, но и да бидеше дел од општеството, е мотото на Мерсиха Смаиловиќ, Бошнакиња која преку женското
Во време на глобална економска криза и климатско загадување, да се занимаваат сериозни држави и влади со нечие лично убедување, за мене навистина нема смисла. Како муслиманка сметам дека тоа е навистина големо кршење на правата на луѓето.
здружение „Едунаса“ ги брани правата на муслиманките за изразување на религиозниот стил на живот, облекување и општествена интерпретација.

„Она што е забележливо е дека повеќето муслиманки кои преферираат вакво почитување на исламските обврски за облекување, излегуваат на улица. Почитувањето на оваа обврска кај нас во Македонија нема никаква врска со модерните расправии туку е автохтоно пренесување на традиционалното облекување на муслиманките“, ни рече оџата Рамадан Рамадани.

Оџата од Исенбег џамијта во Скопје вели дека во трите верски училишта се образуваат околу 100-тина млади за идната професијата на оџи. Една од професорките е Нуртен Шехи Шакепи:

„Во нашата држава дозволено е да се оди со шамија во училиште и надвор, таа не пречи.“

Нуртен Шеки Шакепи, е оџа која ги едуцира верниците на религиозните обичаи и историјата на муслиманството. Таа потцетува дека шамијата е традиционален белег и на македонката во 50-од тите години од минатиот век особено во руралните делови на државата.

„Овој начин на облекување има некој вид на мода во материјалите, во боите, меѓутоа треба да бидат многу претпазливи да не излезат од тоа што дозволено во исламот. Начинот на облекување во исламот е точно одреден и за жените и за мажите.“

Македонскиот Устав ја почитува религиозната слобода на верско изразување на сите заедници што се регистрирани и ги почитуваат законските норми во Македонија.
XS
SM
MD
LG