Достапни линкови

Опозицијата во Иран повика на протести


Иранскиот опозиционен лидер Мехди Каруби денеска вети дека ќе ја продолжи борбата против скандалот со гласањето од минатата година , кој резултираше со реизбор на Махмуд Ахмадинеџад за претседател. Во писмо кое е објавено на сајтот на Каруби, тој ги критикува властите кои ги затвараат демонстрантите и ги полнат гробиштата со луѓе кои се борат за своите права. Неговата порака доаѓа на одбележувањето на една година од смртта на Неда Ага Соултан, младата жена која беше застрелата на една од улиците во Техеран додека траеа протестите. Снимката со нејзината смрт го обиколи целиот свет и стана симбол за протестите. Амнести интернешнал побара иранските власти да го изведат пред лицето на правдата убиецот на Неда.
XS
SM
MD
LG