Достапни линкови

Во Иран обесен лидер на бунтовничка група


Лидерот на сунитската муслиманска бунтовничка група Џундалах е обесен од страна на иранските власти, соопштува Иран. Државната новинска агенција јавува дека Абдулмалик Риџи е обесен денеска во затвор во Евин. Риџи беше одговорен за вооружени грабежи, напади врз безбедносни сили и цивили, убиства и други злосторства. Групата што ја предводел тој ја презеде одговорноста за нападот врз безбедносните сили во југоисточната провинција Систан-Белуџистан. Групата вели дека малцинството сунити се дискриминирани од страна на шиитското раководство на Иран.
XS
SM
MD
LG