Достапни линкови

Предвремени претседателски избори во Полска


Во Полска денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори. Предвремените избори беа распишани по авионската несреќа во која загина претседателот Лех Качински и уште 95 членови, претставници на воената и политичката елита на Полска. За местото претседател на Полска се натпреваруваат лидерот на центирстичката партија Граѓанска платформа, Бронислав Коморовски кој според анкетите води и поранешниот премиер Јарослав Качински, брат близнак на починатиот претседател Лех Качински. Уште осум кандидати учествуваат на изборите. Ако после првиот круг ниту еден не освои повеќе од 50 проценти од гласовите, вториот круг ќе се одржи на 4 јули.
XS
SM
MD
LG