Достапни линкови

Буџетскиот дефицит на Грција се намалува


Буџетскиот дефицит на Грција се намалува и земјата ќе ја исполни поставената цел, изјавил денеска грчкиот министер за економија Лука Кацели. Грчкиот печат го цитира гувернерот на грчката централна банка Јоргос Провопулос, кој изјави дека сегашното исполнување на буџетот покажува дека Атина може да ја надмине целта, поставена со договорот меѓу ЕУ и ММФ за намалување на годишниот дефицит за оваа година на осум проценти од бруто домашниот производ или помалку, од 13,9 проценти колку што изнесуваше минатата година
XS
SM
MD
LG