Достапни линкови

Клинтон ќе го посети Пакистан во јули


Пакистанската влада соопштува дека американскиот државен секретар Хилари Клинтон ќе ја посети земјата во јули. Пакистанскиот министер за надворешни работи Шах Мехмуд Куреши изјавата ја дал по денешната средбата во Исламабат со американскиот пратеник Ричард Холбрук . Клинтон треба да го посети главниот град на Пакистан за време на втората сесија за стратешки дијалог. Холбрук во Пакистан пристигна во петокот , на разговори со пакистанските лидери за интензивирање на соработката против милитантните групи.
XS
SM
MD
LG