Достапни линкови

Почина Богдан Богдановиќ


Во Виена во 87-та година од животот почина Богдан Богдановиќ, интелектуалец, професор на Архитектонскиот факултет во Белград, автор на голем број споменици посветени на жртвите од Втората Светска Војна. Негови се спомениците во Мостар, Прилеп, Бела Црква и во Јесеновац. Тој е творец на паркот на Револуцијата кој се наоѓа на јужната периферија на Прилеп. Изграден е во 1961 година во чест на загинатите борци од НОВ. Како составен дел на Паркот на Револуцијата е заедничката гробница - крипта, позната како "Могила на непобедените", прогласена за споменик на културата во 1989 година. Богдановиќ беше и градоначалник на Белград, но во 1993-та го напушта и оттогаш живее во Виена. Таму и починал вчера, јавуваат медиумите
XS
SM
MD
LG