Достапни линкови

Поголемо обезбедување на стадионите во Јужна Африка


Стадионот во Јаоханезбург

Стадионот во Јаоханезбург

До ваква одлука ФИФА дојде откако еден незадоволен навивач на англиската репрезентација влезе во соблекувалните на својата репрезентација за да се „ расправа “ со Дејвид Бекам.

Светската фудбалска федерација денеска најави дека ќе биде зголемено обезбедувањето на стадионите на Светското првенство. До ваква одлука ФИФА дојде откако еден незадоволен навивач на англиската репрезентација влезе во соблекувалните на својата репрезентација за да се „ расправа “ со Дејвид Бекам.

„ Обезбедувањето ќе биде зголемено за да се избегнат понатаму вакви инциденти„, изјавил портпаролто на ФИФА Николас Маино.

Репрезенатацијата на Англија синоќа со Алжир одигра нерешено 0:0. Навивачите на Англија незадоволни од уште еден нерешен резултат на нивната реперезентација ги испратија фудбалерите со свирежи.

Организациониот комитет на Светското првенство го очекува извештајот на полицијата која го истражува инцидентот со навивачот. Тој поминал само неколку секунду во соблекувалната, пред да го исфрлат надвор.

XS
SM
MD
LG