Достапни линкови

logo-print

ОН побара 71 милион долари помош за Киргистан


Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун апелираше до сите влади во светот да се обезбедат 71 милион долари со кои ќе се помогне во ублажувањето на хуманитарната криза во Киргистан. Бан Ки Мун на новинарите им изјавил дека околу 300 илјади луѓе се раселени низ земјата, а повеќе од 100 илјади ја преминале границата и сега се во соседен Узбекистан. Тој објаснил дека во земјата има недостаток на храна, вода и електрична енергија . Секретарот на ОН разговарал со властите во Киргистан и Узбекистан да се истражат сите опции за враќање на редот во земјата за да се спречат понатамошни насилства, губење на животи и да се координира хуманитарната помош.
XS
SM
MD
LG