Достапни линкови

Најмалку 13 милитанти убиени во Пакистан


Американски авиони испукале две ракети во северниот пакистански регион Вазиристан при што загинале најмалку 13 милитанти. Преставници на разузнавачката служба изјавиле дека целта на нападот била една куќа во близина на центарот на регионот во која се наоѓале осомничените бунтовници. Соединетите држави ги засилија ракетните напади на регионот откако еден бомбаш самоубиец во декември разнесе седум вработени во ЦИА , кои работеле во базата преку границата во источниот дел на Авганистан. Најголем дел од нападите на САД оваа година беа во областа Северен Вазиристан.
XS
SM
MD
LG