Достапни линкови

ОН:Безбедноста во Авганистан не е подобрена


Обединетите нации соопштуваат дека безбедноста во Авганистан не е подобрена и дека бројот на бомбашки напади се зголемил за 94 процентви во првите четири месеци од годината во споредба со истиот период лани. Наодите се дел од извештајот кој беше презентиран пред Советот за безбедност од страна на мисијата на ОН во Кабул. Во извештајот исто така се наведува дека најмалу три самоубиствени напади се случуваат неделно и тоа претежно во областите населени со етнички Паштуни. Се зголемил и бројот на атентати на авганистански официјални преставници и тоа за 45 проценти за првите 4 месеци во споредба со истиот период минатата година
XS
SM
MD
LG