Достапни линкови

САД и ОН го одбележуваат роденденот на лидерката на опозицијата во Мјанмар


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и претседателот на Соединетите држави Барак Обама на одбележувањето на 65-от роденден на лидерката наопозицијата на Мјанмар Аунг Сан Су Чи ги обновија повиците до воените власти во Мјанмар да ја ослободат добитничката на Нобеловата награда за мир. Обама го поздравил изборот на Су Чи да работи за човековите права и демократските промени .А Бан Ки Мун изјавил дека се многу загрижени што Су Чи и понатаму е во домашен притвор. Таа во последните 15 години е во домашен притвор поради нејзините заложби за демократија во нејзината земја.
XS
SM
MD
LG