Достапни линкови

Општински Сектор за евроинтеграции


Куманово, првиот град каде што функционира локален Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции
Куманово, првиот град каде што функционира локален Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции

Во Куманово функционира првиот Сектор на локално ниво за меѓународна соработка и евроинтеграции. Секторот работи на збратимување и соработка на локално ниво со градовите од Европа, како и користење на европските фондови.

Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции во рамките на кумановската локална самоуправа функционира веќе половина година, а граѓаните или не знаат за неговото постоење, или слушнале за него, но не знаат зошто тој постои.
Знаете ли дека постои Сектор за меѓународна соработка и евроинтеграции во локалната самоуправа?
ЕУ функционира на регионална соработка. Тука е клучниот момент којшто треба да го најдеме за релациите што треба да се воспостават помеѓу членките на ЕУ, кандидатите за членство во ЕУ и останатите од Западен Балкан за кои преку локална и регионална соработка има фондови кои може да се користат.


„Да. Знам дека работи од нова година.“

„Не знам.“

„Знам дека има,но не знам каде е.“

„Не знам“

Што е неговата функција?

„Не знам.“

„Не знам што работи.“

„Не знам.“
Куманово

Секторот за меѓународна соработка и евроинтеграции во Куманово е прв, а формиран е согласно Законот за државните службеници и се состои од две одделенија, за меѓународна соработка и евроинтеграции, вели раководителот Горан Митевски. Иако во државава немаат урнек како да функционираат, а не е ниту прецизно дефинирано со Законот за локална смаоуправа, Секторот за сега оди на збратимување со градовите и соработка на локално ниво, во правец на рамномерен развој, вели Митевски и објаснува:
Во склоп на тоа имаме соработка со до сега збратимените градови, а и иницијативни за збратимување во наредниот период, размена на искуства и економска соработка на бизнис секторот.


„ЕУ функционира на регионална соработка. Тука е клучниот момент којшто треба да го најдеме за релациите што треба да се воспостават помеѓу членките на ЕУ, кандидатите за членство во ЕУ и останатите од Западен Балкан за кои преку локална и регионална соработка има фондови кои може да се користат.“

Митевски додава и дека другите земји во регионот имаат слични сектори.

„Како лидер сега е Словенија, Бугарија, а ние и Хрватска се наоѓаме со останатите каде што најактивна е Србија која има најповеќе градови за соработка со словенечките градови.“

Според Митевски локалната власт може преку програмата „Европа за граѓаните“ да овозможи збратимувања на граѓаните од Европа. Преку овој Сектор, Куманово може да се вклучи во сите процеси на здружување и зближување не само на Балканот, Европа, туку и пошироко.

„Куманово е најголема локална самоуправа и втор град по големина во РМ, една од најголемите локални самоуправи на Балканот, член е на Здружението на градовите од Балканот „Балсинет“ и има повеќе меѓусебни договори. Градоначалникот на Куманово во Њујорк на Бан Ки Мун му ја предаде повелбата од Асоцијацијата на градовите за мир каде што сме прифатени како член. Во склоп на тоа имаме соработка со до сега збратимените градови, а и иницијативни за збратимување во наредниот период, размена на искуства и економска соработка на бизнис секторот. Дали е тоа Габрово од Бугарија, Панчево, Бања Лука, Вараждин, важна е таа бизнис соработка.“

Митевски смета дека во процесот на евроинтеграциите надлежна е Владата, а за шест години од европските фондови 370 милиони евра наменети за економскиот развој до сега се искористени само 13 милиони евра. Колку пари од фондовите ќе се искористат за рзвојот зависи исклучиво од Владата, смета Митевски.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG