Достапни линкови

Партиска книшка клуч за вработувањe


Секоја влада досега ја користи државната администрација за вработување на партиски кадар

Секоја влада досега ја користи државната администрација за вработување на партиски кадар

Во Македонија стана речиси невозможно да се најде вработување без партиска книшка. Политичките партии со вработувањата бараат лојаност и гласови на изборите за повторно да дојдат на власт. Според експертите излезот е во спроведувањето на законите и донесување на закон за заштита од политичка дискриминација.

Колку еден човек може да дојде до вработување особено во државните институции, ако не поседува партиска книшка од владејачките партии? Според експертите тоа е речиси невозможна мисија, а институциите се полни со партиски војници, кои незнаат да ја вршат својата работа. Околу 80 проценти од граѓаните сметат дека политичката дискриминација е најчест облик на дискриминација и се жалат дека нема успех без партиска книшка. Политичките партии со вработувањата бараат лојаност и гласови на изборите за повторно да дојдат на власт. Излезот експертите го гледаат во спроведувањето на законите и заштитните механизми.

Шалтер на МВР. Имаме ли квалитетна администрација во државните инситуции?
Партиската книшка поважна од образованието и квалитетите

Образувај се!!! Знаењето е сила знаењето е моќ!” со ваква кампања владата ги стимулира младите луѓе да се запишат на студии за да можат да се вработат и да си ја обезбедедат својата иднина. Но, во нашето демократско општество за еден човек да добие работа клучен фактор наместо универзитетската диплома стана партиската книшка. Во голем дел во државните и институции најважната
Министерството за образование и министерството за финансии не сакаат да дадат дозвола да се вработат овие луѓе, меѓутоа посредно ни кажуваат дека доколку сакаме да вработиме некои други, блиски до политичките партии, истиот момент ќе ни одобрат средства
квалификација потребна за вработување е да ја делите истата идеологија и да ги имате истите погледи со владејачката партија. Па на крајот излага дека дипломата не е толку силна колку што е партиската книшка или подобро кажано знаењето и квалитетот се добра работа, ама, сепак, во партиската книшка лежи моќта, бидејќи таа стана симбол за социјалната сигурност на еден човек. Во Институтот за правни и социолошки истражувања власта не ни дозволува да вработиме двајца кандидати, кои имаат најголеми кфалификации и ги исполнуваат сите услови на конкурсот, бидејќи не биле партиски обоени, вели Мирјана Најчевска од Институтот и активист за човекови права.

,,Министерството за образование и министерството за финансии не сакаат да дадат дозвола да се вработат овие луѓе, меѓутоа посредно ни кажуваат дека доколку сакаме да вработиме некои други, блиски до политичките партии, истиот момент ќе ни одобрат средства."

Секој човек ако сака најлесно да се вработи во државна институција мора да има партиска книшка, вели Сашо Дуковски од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

,,Особено во државните институции секој млад човек тоа е воспоставено како некое правило, дека доколку сака да се вработи најлесно ќе му биде со т.н. партиска книшка или некој комитет што е на власт да го предложи."

Ретко може да се најде некој што е вработен поради неговиот квалитет, вели тој.

,,Отидете во кое сакате министерство, дали ќе најдете 3% луѓе и тоа тие се во деветиот ешалон, не во осми, кои не се на владеачката партија припадници, а истото тоа при евентуална смена на власта тие што се од највисокиот втор политички ешалон ќе станат на ниво на
Партиската книшка поважна од образованието
обични курири, и обратно."

Дискриминацијата според политичка припадност најчеста

Политичката дискриминација е најчест облик на дискриминирање, покажало последното истражување на Центарот за човекови права и разрешување на конфликити. Според истражувањето, речиси 80 проценти од испитаниците одговориле дека има политичко дискириминирање при вработување во некоја јавна институција. На државните институции се гледа како на партиски сервис, вели
Особено во државните институции секој млад човек тоа е воспоставено како некое правило, дека доколку сака да се вработи најлесно ќе му биде со т.н. партиска книшка или некој комитет што е на власт да го предложи
активистот за човекови права Жарко Трајаноски.

,,Тоа особено е загрижувачки и е показател за влијанието што го имаат партиите врз државната администрација, тоа се повеќе се перцепира како сервис на партиите и сервис на партиските интереси отколку сервис на граѓаните."

Во било која државна институциија има преголем број на вработени, но тие места се резервирани само за луѓето кои се блиски со владејачките партии, вели професорот по социологија на економијата Христо Карталов.

,,Отидете во секое министерство, во министерството за образование, за наука, нема толку столчиња колку што има луѓе во секоја канцеларија. Министерствата тежат, ќе пропадне зградата од тоа колку луѓе има. Ама измисливме ,,триста перипетии", Рамковен, Национален, незнам каков друг клуч и сето тоа не води во една бездна."

И граѓаните се сложуваат дека нема успех без партиска книшка во џеб.

,,Никој веќе не го гледа образованието, другите квалитети се пресудни, обично партиската книшка. Една партија доаѓа на власт вработува свои, друга доаѓа на власта вработува други свои луѓе, барем тоа сите го гледаме."

,,И по партиска линија и по фамилијарна линија, дури на трето место се гледа дали има знаење, а не познанство и се вреднува училиштето, но првите веднаш ги гледаат."

,,Бараат. Ако си партиски определен веднаш имаш вработување."
Никој веќе не го гледа образованието, другите квалитети се пресудни, обично партиската книшка. Една партија доаѓа на власт вработува свои, друга доаѓа на власта вработува други свои луѓе, барем тоа сите го гледаме


Во меѓувреме владата најави нови пет илјади вработувања во јавната администрација. Тие тоа го образложуваат со препорака од Европската Комисија со цел професионализација на администрацијата. Опозицијата обвинува дека тоа ќе бидат нови партиски војници во нивна служба, а и Европската унија и забележа на власта за партизацијата на администрацијата и за нејзината непрофесионалност. Тоа резултира со неефикасност на јавните услуги, бидејќи се врши неправилна селекција за новите работни места, вели Карталов.

,,Ние имаме во јавната администрација луѓе кои што ниту ја знаат смислата, ниту поседуваат некакви вештини за вршење на тие дејности, но сепак тие се тука затоа што ја заслужиле наклонетоста на политичарите коишто ги одбрале тие партиски бои, а ниту го знаат описот на работното место, а сепак примаат плата."

На тој начин работните места ги добиваат луѓе коишто неможат да одговорат на задачите, вели Најчевска.

,,Не добиваат соодветни работни места, добиваат многу високи функции коишто неодговараат на нивните искуства и вештини и автоматски всушност ние создаваме ,,кварна роба". Тоа се луѓе кои што неможат понатаму да го издржат она што претставува вистинско барање на работното место. Значи создаваме луѓе со хендикеп."

Партиската книшка не е добар критериум бидејќи наместо да создава систем на стручни луѓе кои сакаат да ја работат таа функција се создава неефикасна армија на партиски војници, вели Дуковски.

,,Значи не се создава по систем на способност, туку по систем на партиска припадност што и краткорочно и долгорочно само лошо може да и донесе на Македонија."
Значи не се создава по систем на способност, туку по систем на партиска припадност што и краткорочно и долгорочно само лошо може да и донесе на Македонија


Тоа го потврдува и една поранешна вработена во едно од министерствата која вели дека со секое ново раководство новите партиски определени кадри ја добивале нејзината функција со што трпела работата и на крајот таа се решила да даде отказ.

,,Со секое менување на власта пристапот беше претходно чекирање нели кој е во партија, кој не, значи се случуваше преиспитување на работното место и прераспределба нагоре или надолу. Меѓутоа најзагрижувачки беше што се игнорираше и пресокнуваше она што се вика принципи и уредби без кои не се може во државната администрација."

Преку партиска администрација до власт


Владејачките партии го жртвуваат квалитетот на државните институции, бидејќи открија дека тоа е наједноставниот начин на манифестирање на својата моќ и заобиколување на она што претставува нормален развој на демократија и купување на гласови, вели Најчевска.

,,Кога ќе вработите некого тој е двојно врзан. Од една страна со благодарноста затоа што е вработен, од друга страна со свеста дека доколку политичката партија којашто го вработила ја изгуби владеачката позиција автоматски и тој човек ќе го изгуби работното место или во најмала мера ќе ја изгуби позицијата што ќе ја држи и на тој начин се создаваат од страна на политичките партии некаков вид на политички зависници."

Политичарите знаат дека тоа е на штета на државата, но вработуваат свои луѓе за да ја добијат нивната лојалност на следните избори за повторно да бидат на власт, вели Карталов.

,,Тие вработуваат администрација којашто ќе биде лојална и на идните избори ќе ги дадат своите гласови. Тоа е нешто што се спојува
Ние имаме во јавната администрација луѓе кои што ниту ја знаат смислата, ниту поседуваат некакви вештини за вршење на тие дејности, но сепак тие се тука затоа што ја заслужиле наклонетоста на политичарите
како во некој систем на ,,клацкалица."

Треба да се донесат закони за заштита од политичка дискриминација, кои ќе се применуваат и кои ќе ги штитат граѓаните кои нескаат да им биде политичката партија адут за напредок во животот и мора да се воспостави систем на критериуми на професиналност во институциите, вели Дуковски.

,,Па секако треба да се донесат закони, но тие закони треба и да се применуваат иако и сегашните законски решенија не се лоши. Треба поголема свест кај естаблишментот, но во нашата држава сите мислат дека се почнува и завршува со таа формирана влада. Треба да се воспостави систем на критериум, систем на професионалци."

Се додека нема владеење на правото ќе има политичко самоволие

Перцепцијата ќе се промени со примена на законите и потребни се заштитни механизми за граѓаните. Само тогаш стручноста и компетентоста ќе игра улога во вработувањето, вели Трајаноски.

,,Доминантна е за жал перцепцијата дека само со партиска книшка можеш да се вработиш во државната администрација и таа перцепција мора да се промени, но таа неможе да се промени доколку немаме успешни случаи на борба против дискриминација поради политичка припадност, а досега немаме такви случаи иако законот за работни односи забранува дискриминација по тој основ."
Доминантна е за жал перцепцијата дека само со партиска книшка можеш да се вработиш во државната администрација и таа перцепција мора да се промени


Само преку создавање на систем на владеење на правото кој што ќе успее да ги врами ваквите видови на политичкото самоволие, бидејќи нема земја во која политичките партии не сакаат да ја наметнат својата моќ.
Преку владеење на правото во борба против политичкото самоволие
Една држава е подемократска и поцивилизирана колку што е ограничено тоа самоволие преку правни регулативи, вели Најчевска.

,,Ќе создаде соодветни тела кои преку контролата и преку санкиционирањето на непримената на правилата и процедурите ќе успеаат да го сведат сето ова на некои нормални размери."

Во Македонија во април се регистрирани 339 222 невработени од нив 20 470 се со високо образование, а има и 256 магистри и 17 доктори на науки кои неможат да најдат работа. Околу половина од бројката на невработени оди на граѓани до 39 години. Според истражувањето на Македонскиот Институт за Медиуми две третини од матурантите кои биле анкетирани имаат афинитети за менаџерски и административни позиции. Тестираните матуранти покажуваат дека имаат најмногу афиниети за професии кои се структуирани, кои имаат јасни правила и процедури и немаат голема неизвесност. Според последниот извештај од истражувањето на Економскиот институт Скопје, повеќе од половина македонски граѓани или 57 проценти сакаат да работат за друг, по можност за директор во државна компанија. Ваква амбиција во Соединетите Американски Држави имаат само 37 отсто од граѓаните.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG