Достапни линкови

Иванов - Медведев разговарале за Јужен Поток


Руската енергетска компанија „Газпром“ се согласи да ја вклучи Македонија во проектот за гасоводот „Јужен поток“, изјави денеска македонскиот претседател Ѓорге Иванов по средбата со претседателот на Русија Димитриј Медведев. Тоа отвора можност за добивање евтини енергенси, а ќе значи енергетска стабилност на земјата, изјави Иванов. Иванов и Медведев разговарале и за други прашања од областа на енергетиката. Шефот на македонската држава во Санкт Петербург учествуваше на Меѓународен економски форум.
XS
SM
MD
LG