Достапни линкови

Блејк побара независна истрага за нередите во Киргистан


Американскиот помошник државен секретар Роберт Блејк, кој е во посета на Узбекистан, повика на независна истрага за крвавите етнички насилства во Киргистан. Блекј го посети кампот за бегалци од Киргистан, на узбекистанска територија. Хуманитарните агенции на Обединетите Нации денеска соопштија дека околу милион луѓе се погодени од нередите во Киргистан. Привремената лидерка на Киргистан, Роза Отунбаева, во едно интервју денеска оцени дека во нередите загинале околу 2 илјади луѓе, што е 10 пати повеќе од официјалните бројки. Отунбаева го посети градот Ош каде што вети обнова и враќање на бегалците во своите домови.
XS
SM
MD
LG