Достапни линкови

Карзаи ги поздрави инвестициите од Јапонија


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи денеска ги поздрави инвестициите на Јапонија во рударската индустрија во неговата земја. Карзаи, кој е во посета на Токио изјави дека Авганистан ќе им даде приоритет на земјите кои му помагаа во изминатите неколку години. Според геолозите, во Авганистан има големи резерви на железо, кобалт, злато и други руди.
XS
SM
MD
LG