Достапни линкови

Вувузелите за некого проблем, за друг профит


Вувузелите, кои станаа главна атракција на СП во Јужна Африка, се златен рудник за производителите во Кина. Продажбата на овие пластични труби цвета не само во Јужна Африка, туку и во другите делови од светот. Според кинески Глобал Тајмс, 90 насто од вувузелите се произведени во Кина. Само една фабрика за пластика во Кина досега извезла околу милион ипол вувузели, а нарачките постојано пристигаат. Според некои проценки, досега се произведени повеќе милиони вувузели, а во фабриките за пластика во Кина се работи прекувремено за да се задоволат барањата.

Инаку, градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон очекува на натпреварот меѓу Англија и Алжир главната битка англиските навивачи да ја водат со вувузелите. Многумина англиски навивачи ги мразат вувузелите бидејки не можат да навиваат, а според нив, тоа ја убива атмосферата.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG