Достапни линкови

Со оглед на се повисоките температури во Скопје, некои стопанственици започнаа да воведуваат двократно работење. Од Здружението за заштита при работа велат дека треба да има прилагодување во услови на високи температури, но претходно мора да се видат сите недостатоци на двократното работење.

Жештината е главен непријател на работниците. Само во изминатиов викенд кога темпертурите достигааа речиси до четириесеттиот степен, на петнаесетмина луѓе што работеле по пазарите и градилиштата им се слошило и завршиле во болница, покажуваат лекарските извештаи. Луѓето што работат на отворено велат дека тешко се издржува, но мора да се работи.
Се паѓа во несвест, кај се издржува ова.


Пазарџиите едвај издржуваат на високите температури
„Издржуваме, ќе направиме малку сенка и така се мачиме, ама мора да се живее. Мора да работиме, мора да јадеме.“

„Се паѓа во несвест, кај се издржува ова.“

„Се разладуваме со вода.“
Кој сака да работи вака на улица, ама мора да се издржи.

„Кој сака да работи вака на улица, ама мора да се издржи.“

Некои трговци веќе почнале да работат двократно и ги затвораат дуќаните кога е најтопло. Дел од луѓето што се занимаваат со трговија велат дека не им се исплати да го затвараат дуќанот, дв апати дневно .

„Работиме двократно, меѓутоа температурите се високи.“

„Не се знае. Има период и луѓе од работа кога поминуваат и пазарат, така што мислам дека не е баш добра варијанта двократното работење.“

„Од седум до пет работиме, бидејќи тогаш луѓето завршуваат со работа, и чекаме да пазарат.“
Интересно би било да се размислува на таа тема, но од друга страна веројатно повеќе проблеми би се направиле во однос на злоупотребите што би произлегле.


Претседателот на здружението за заштита при работа, Милан Петковски вели дека кога временските услови наметнуваат потреба од работење во постуден период тогаш треба да се прилагодиме на тоа.

„Значи ако почнеме од седум и ја завшриме работата да речеме некаде до 11-12 часот и после продолжиме во попладневните часови. Интересно би било да се размислува на таа тема, но, од друга страна, веројатно повеќе проблеми би се направиле во однос на злоупотребите што би произлегле.“

Петковски вели дека за да се воведе ваква мерка треба да се создадат механизни за да се контролираат сработените работни часови.

„И денеска кубуриме со информации кои зборуваат за злоупотреба на долги работни часови, злоупотреба на работниците, во смисла на неплаќање на истите и замислете само што би се случило во тој случај. Како би можело самите работодавци, да докажат дека тој работел 40 работни часови во текот на една работна недела.“

Неопходно е да се заштитат работниците од топлото време, но за да се воведе ваква мерка во правилниците за работа, прво е потребно да се направи пробен модел за да се видат реалните недостатоци на воведување на двократно работење и навремено да се отстранат, додава Петковски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG