Достапни линкови

Рехагел: Аргентина е подобра од Грција


Од мечот меѓу Нигерија и Грција
Од мечот меѓу Нигерија и Грција

Селекторот на грчката фудбалска репрезентација Ото Рехагел вели дека на неговиот тим му претстои голема пречка за да влезе во втората фаза од Светскиот куп во Јужна Африка.

Селекторот на грчката фудбалска репрезентација Ото Рехагел вели дека на неговиот тим му претстои голема пречка за да влезе во втората фаза од Светскиот куп во Јужна Африка.

Од мечот меѓу Грција и Јужна Кореа

Тој, по историската победа на Грција против Нигерија од 2:1, оцени дека претстојниот меч со Аргентина во следниот вторник ќе биде решавачки.

„Аргентина е светска класа, тие јасно се многу подобри од нас. Секако, ние имаме шанса, но ќе биде многу тешко. Дотогаш ќе уживаме во фактот дека ја победивме Нигерија“, изјави Германецот Рехагел, човекот кој во 2004 година Грција ја донесе на шампионскиот пиедестал на Европското фудбалско првенство.

Во Јужна Африка под негово раководство, Грција дојде и до првите голови, а со тоа и до првата победа на светските купови.

Претходно Грција учествуваше само на Светското првенство во Соединетите Држави во 1994 година кога не освои ниту еден бод.

Оваа првенство, Грците го почнаа со пораз од 2:0 против Јужна Кореја, а по водството на Нигерија се чинеше дека историјата се повторува.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG