Достапни линкови

Полугодишен извештај за соработката со Хашкиот Трибунал


Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц денеска ќе му го поднесе на Советот за безбедност на Обединетите нации полугодишниот извештај за соработката на земјите од поранешна Југославија со Трибуналот. Обвинителот Брамерц ќе го извести Советот
за безбедност за спроведувањето на стратегијата за завршената работа на Трибуналот во изминатите шест месеци. Во последните два извештаи главниот обвинител изнесе забелешки дека Соработката со Белград бележи постојан напредок, но дека клучно прашање останува приведувањето на Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ, обвинети за воени злосторства.
XS
SM
MD
LG