Достапни линкови

Продолжува штрајкот во атинското метро


Вработените во метрото во Атина ќе штрајкуваат и денеска со прекини на работењето во еднакви интервали. Метрото во Атина секојдневно го користат околу 650.000 патници, кои денеска ќе мора да побараат алтернативен транспорт. Вработените во метрото во изминатите два дена одржаа 48-часовен штрајк за поддршка на вработените чии договори завршуваат наскоро и може да не бидат продолжени, бидејќи беа прогласени за незаконски од регулаторната комисија на државната администрација.
XS
SM
MD
LG