Достапни линкови

Соседите на Киргистан нема да испратат мировници


Од Организацијата за колективна безбедност, групација на 7 поранешни Советски републики изјавиле денеска дека нема да можат да испратат мировници во Киргистан, но можат да испратат специјалци за безбедност. Генералниот секретар на Организацијата не дал објаснување што се подразбира под терминот безбедносни специјалци, но сугерирал дека тие можат да помогнат во пронаоѓање на оние кои стојат зад судирот на југот на Киргистан. Привремената лидерка на Киргистан Роза Отунбаева минатата недела апелираше до Русија да помогне во спречување на насилствата. Во Организацијата за колективна безбедност членуваат Русија, Белорусија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан.
XS
SM
MD
LG