Достапни линкови

logo-print

Падна првиот хет-трик


Игуаин во дрес на Реал Мадрид на натпревар против Осасуна

Игуаин во дрес на Реал Мадрид на натпревар против Осасуна

Гонзало Игуаин од Аргентина е стрелец на првиот хет-трик на Светското првенство.

Аргентинскиот репрезентативец Гонзало Игуаин е стрелец на првиот хет-трик на Светското првенство во Јужна Африка. Во победата од 4:1 против Јужна Кореја, Игуаин беше единствен стрелец од Аргентина.

Натпреварот го отвори Јужнокореецот Чујонг со автогол во 17 минута. Игуаин зголеми на 2:0 во 33, за во судиското продолжение од првото полувреме Чунгјонг да ја затресе мрежата на Ромеро и на пауза да се замине со резултат 2:1 за Аргентина.

За само четири минути во второто полувреме, во 76 и 80 минута, Игуаин погоди уште два пати и го постави конечниот резултат на мечот.
Навивачи на Аргентина на Светското првенство

Аргентина, со оваа победа и претходната од 1:0 против Нигерија има 6 бода во групата Б и веќе си обезбеди пласман во осминафиналето. Јужна Кореја има 3 бода, од победата од 2:0 против Грција во првото коло.
Нигерија и Грција се без бодови. Овие две репрезентации играат денеска.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG