Достапни линкови

ММФ и ЕУ со позитивна оценка за Грција


Меѓународниот монетарен фонд , Европската централна банка и Европската Унија оцениле денеска дека Грција ги спроведува реформите кои ветила дека ќе ги превземе за да може да добие пакет на заеми со кои земјата треба да се спаси од банкрот. Заедничка делегација на ММФ, ЕЦБ и ЕУ оваа недела се наоѓа во Атина и ги следи реформите кои ги превзема Грција. Преставници на овие три институции изјавиле денеска дека дефицитот на Грција ќе биде помал отколку што очекувале и оцениле дека владата ги контролира трошоците. Првата транша од заемите Грција го доби во мај, а следната треба да ја добие во септември.
XS
SM
MD
LG