Достапни линкови

Романија и Бугарија поблиску до шенген зоната


Европскиот парламент денеска им го отвори патот за влез на Романија и Бугарија во шенгенскиот простор до март 2011 година. Во шенген зоната се речиси сите земји од Европската Унија, освен Велика Британија и Ирска кои одлучија да останат надвор од зоната. Во шенген зоната не се Романија, Бугарија и Кипар. Пратениците од Европскиот парламнет оцениле дека романските и бугарските системи за размена на податоци се спремни за да може да влезат во шенген зоната.
XS
SM
MD
LG