Достапни линкови

Иванов на економски форум во Русија


Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска престојува во тридневна работна посета на Русија, каде што ќе учествува и на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург. Денеска се среќава со генералните директори на Газпром и на Лукоил, а за утре е предвидена средба со рускиот претседател Дмитри Медведев. Македонија има најнегативен биланс на надворешно трговска размена со Русија.

Русија е една од земјите со кои Македонија има најнегативен билнас на надворешно трговската размена. Иако, Руската Федерација е во самиот врв на листата на држави според обемот на трговија во земјава, Македонија од таму увезува многу, а речиси и не го користи огромниот руски пазар за пласман на своите производи. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2009 година, од Русија се увезени производи во вредност од 495 милиони долари, а таму се извезени македонски производи од 22 милиони долари. Слечен е трендот и годинава. Во првите четири месеци годинава, од Русија се увезени производи во вредност од 157 милиони долари, а извезот на
Не можеме да очекуваме дека секоја компанија поединечно може да се појави таму. Ние немаме силни компании, најголем дел од нив се доста осиромашени, се соочуваат со потешкотии и немаат финансиски и организациони можности да настапат на
тој пазар.
рускиот пазар е помалку од 7 милиони долари.

Македонија исто така е и единствената држава од поранешна Југославија, што го нема затворено клириншкиот долг со Русија. Имено, утврдено е дека Русија и должи на Македонија 60 милиони долари, од парите што и ги должел СССР на СФРЈ. Тој долг треба да биде вратен преку гасификација на земјава, но неколку пати се одложува. Русија ја нема ниту на листата на првите 10 странски инвеститори во земјава.
Рускиот претседател Дмитри Медведев зборува на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург во 2009

Поранешниот амбасадор во Русија, Ристо Никовски вели дека рускиот пазар е отворен, но одговорноста за негова неискористеност е во Македонија.

„Не можеме да очекуваме дека секоја компанија поединечно може да се појави таму. Ние немаме силни компании, најголем дел од нив се доста осиромашени, се соочуваат со потешкотии и немаат финансиски и организациони можности да настапат на тој пазар. Затоа треба, во рамките на Комората, да се направи еден конзорциум и во него да влезат сите заинтересирани за извоз во Русија и после тоа да се отвори еден дистрибутивен центар во околината на Москва. Само така може да се освои Русија.“

Бизнисменот Мирче Чекреџи вели дека рускиот пазар беше традиционален за македонското стопанство, но по распадот на Советскиот сојуз и на СФРЈ, македонските бизнисмени не се снајдоа на тој пазар. Тој вели дека е потребен координиран настап, за повторно освојување на тој пазар. Коморите треба да формираат извозни кластери од разни области,
Нашите фирми како што знаете се премногу мали за да го освојуваат пазарот. Прескапо е,
далеку...
како на пример вино, тутун или текстил и да настапат организирано на рускиот пазар, вели Чекреџи.

„Нашите фирми како што знаете се премногу мали за да го освојуваат пазарот. Прескапо е, далеку итн. Но, тука има функција и државата можеби да се отвори една трговска канцеларија во Русија итн.“

На почетокот на годинава, рускиот амбасадор во Македонија Владимир Солоцински ги повика македонските градежни фирми да учествуваат на тендерите во пресрет на подготовките за Зимската олимпијада во Сочи во 2014 година.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG