Достапни линкови

Референдум или избори?


Период на неизвесност и блокади околу европската перспектива

Период на неизвесност и блокади околу европската перспектива

Референдум или предвремени избори? Која од овие две опции има поголеми изгледи да го заокружи изминатиот напнат период на блокади и неизвесност околу европската перспектива. Експертите се согласуваат дека изборот во голема мера ќе биде одреден од идните чекори во спорот за името.

Во Брисел се одржа уште една средба Груевски-Папандреу.

Според кабинетот на Премиерот Никола Груевски, Македонија и Грција остануваат посветени и го поддржуваат процесот што го води медијаторот Метју Нимиц во рамките на ОН. Постои волја и подготвеност за изнаоѓање заемно прифатливо решение за билатералниот спор за името, кое нема да нанесе штета на ниту една од двете страни.
Средбата, според истиот извор, била договорена на заедничка иницијатива во духот на веќе воспоставената пракса на билатерални контакти на премиерско ниво. Како што информира кабинетот на Груевски, биле разменети мислења и информации за повеќе прашања од заеднички и регионален интерес.

Премиерите Папандреу и Груевски


Ставот на Грција

Директните контакти меѓу Атина и Скопје можат да донесат само корист за подобрување на билатералните релации и за напорите за решавање на прашањето за името, рече алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас по денешната средба во Брисел на премиерите на Македонија и на Грција, Никола Груевски и Јоргос Папандреу,
Друцас, како што пренесува агенцијата АНА-МПА, во изјавата за грчките медиуми истакна дека Папандреу на средбата ја повторил желбата на Грција да се реши проблемот, без да посочи повеќе детали за содржината на разговорите.
„Грција поддржува решение за име со географска одредница што би било за севкупна употреба и останува целосно посветена на процесот што се води во ОН“
рекол заменик-шефот на грчката дипломатија. Прашан дали решението на проблемот е во предлогот „Вардарска Македонија“, Друцас одговори дека „секој предлог што ги исполнува условите кои ги постави Грција може да биде основа за дискусија“. Порачал дека ако се реши прашањето за името, Грција “ќе се заложи за Македонија во тешкиот период на нејзино пристапување во ЕУ

Ова е петта тет-а-тет средба Груевски-Папандреу. Претходните четири беа оценети како корисни за зголемувањето на довербата и разбирањето меѓу двете страни, но не донесоа напредок во решавањето на билатералниот спор за името.

Референдум за името или избори?

Во Македонија, паралено се отвараат дилемите: референдум или предвремени избори? Која од овие две актуелни опции, едната во пораките од власта, другата во моментов актуелна во пораките од опозицијата, има поголеми изгледи да ќе го заокружи изминатиов напнат период на блокади и незивесност особено кога е во прашање европската перспектива на земјава.

За
Сигурно Никола Груевски би одел на референдум, што според мене не е проблематично само по себе. Она што според мене е проблематично, е како ќе се постави ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека ќе оди на негативна кампања.
експертите, се уште се отворени сите овие опции и сите нивни варијанти. Професорот Здравко Савевски вели дека е возможно до крајот на годинава да се случи и референдум и предвремени избори.

„Сигурно Никола Груевски би одел на референдум, што, според мене, не е проблематично само по себе. Она што според мене е проблематично, е како ќе се постави ВМРО-ДПМНЕ. Мислам дека ќе оди на негативна кампања, ќе брани позиција која би била против промена на името што ќе биде договорено од нивна страна, што малку е противречно и бегање од одговорноста.“

Што се однесува до изборите, експертите не гледаат можност нив да ги распише власта којашто има апсолутно мнозинство во парламентот. Секоја друга варијанта е невозможна, ако се знае дека таква одлука може да донесе само Собранието и мнозинството во него, тврди професорот Јован Донев.

„Мислам дека сега никому не му одговараат вонредни избори, не очекувам ништо драматично, опозицијата ја загрева атмосферата, сака да си го крене рејтингот, тоа не можат да го направат нели без гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, така што предвремени избори може да има само доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да има предвремени избори, а нив сигурно не им одговара бидејќи сега имаат комотно мнозинство во Парламентот, така да, зошто би оделе на предвремени избори?!“
Мислам дека сега никому не му одговараат вонредни избори, не очекувам ништо драматично.


Доколку сепак се случат предвремените избори, тие не мора нужно да значат блокада на сите процеси собено на интегративните, но секако ќе значат одредено поместување во агендата, додава Савевски.

„Нужно не би значело дека тоа одложување на изборите би значело намалување на нашата европска интеграција, зависи од резултатот на изборите.“

Во крајна линија, правецот можат да го одредат идните чекори во спорот за името, велат експертите. До референдум може да дојде само доколку се постигне некаков компромис со Грција , вели Донев, за што барем засега, како што најавува и денешниот обид во Брисел не постојат големи изгледи.
XS
SM
MD
LG