Достапни линкови

Средба Груевски, Папандреу во Брисел


Македонскиот премиер Никола Груевски претпладнево во Брисел се сретна со својот грчки колега Јоргос Папандреу. Двајцата премиери, по получасовните разговори во Советот на ЕУ, не дадоа изјави за медиумите, јави агенцијата МИА, која повикувајќи се на кабинетот на Груевски, потсетува дека средбата била договорена на заедничка иницијатива и оти била во духот на веќе воспоставената практика на билатерални контакти на премиерско ниво. Груевски попладне во Брисел ќе се сретне со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
XS
SM
MD
LG