Достапни линкови

Дождот против Србија и Германија


Националниот тим на Германија

Националниот тим на Германија

Силни дожови паднаа во Порт Елизабет. Тие ги спречија тренинзите на Србите и Германците пред решавачкиот меч во петок на „Нелсон Мендела Беј“.

Фудбалските репрезентации на Србија и на Германија нема да тренираат на стадионот „Нелсон Мандела Беј“ во Порт
Елизабет, каде што во петок ќе го играат меѓусебниот меч од вториот круг од Група Д на Светското првенство во Јужна Африка.

Светската фудбалска федерација ги известила двете делегации дека причина се тешките врнежи кои овие денови паднаа во Порт Елизабет и се закануваат да го уништат теренот на „Нелсон Мандела Беј“.

Навивачи на Србија во Јужна Африка


Двата тима ке тренираат на други спортски игралишта а теренот денеска само ке го посетат.

Дуелот меѓу Србија и Германија ќе се игра во петок во 13.30 часот.

Србија, во првиот меч, загуби од Гана со 1 спрема 0, додека Германија ја совлада Австралија со 4 спрема 0.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG