Достапни линкови

Средба Груевски- Папандреу во Брисел


Македонскиот премиер Никола Груевски денеска претпладне во Брисел ќе се сретне со својот грчки колега Јоргос Папандреу. Средбата, како што потврдуваат во Кабинетот на Груевски, е договорена на заедничка иницијатива и е во духот на веќе воспоставената пракса на билатерални контакти на премиерско ниво. Ова ќе биде петта тет-а-тет средба Груевски Папандреу. Претходните четири беа оценети како корисни за зголемувањето на довербата и разбирањето меѓу двете страни, но не донесоа напредок во решавањето на билатералниот спор за името. Попладне Груевски ќе има средба и со еврокомесарот за проширување на Унијата, Штефан Филе.
XS
SM
MD
LG