Достапни линкови

Бритиш петролеум ќе плати 20 милијарди долари отштета


Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека компанијата Бритиш петролеум се согласила да издвои 20 милијарди долари за исплата на отштета на жртвите на еколошката катастрофа во мексиканскиот залив. Претседателот на Бритиш петролеум, Карл Хенрик Сванберг му се извини на американскиот народ поради штетата предизвикана со истекувањето на нафтата по експлозија на платформата на оваа компанија и се заблагодари за трпението кое Американците го покажуваат додека експертите се обидуваат да го стопираат истекувањето на нафтата.
XS
SM
MD
LG