Достапни линкови

Запленети критизирачки брошури за Путин


Полицијата во Санкт Петезбург денеска запленила 100 илјади копии на брошури во кои се критикува премиерот Владимир Путин. На брошурите на Путин како автори се потпишуваат Борис Немцов од опозициската коалиција Солидарност и економистот Владимир Милов. Брошурите требало да се дистрибуираат низ Санкт Петезбург за време на меѓународниот економски форум. Во брошурите се систематизирани резултатите од 10 годишните активности на Путин, 8 како претседател и 2 како премиер.
XS
SM
MD
LG