Достапни линкови

Грција „главен влез“ на илегални имигранти во Европа


Грција и понатаму останува „главен влез“ за нелегални имигранти во Европа и покрај тоа што бројот на нелегалните имигранти е намален во споредба со 2008 година изјавил денеска заменик-директорот на Агенцијата за надворешните граници на Европската унијa Гил Ариас Фернандес. Во Грција минатата година нелегално преку нејзината копнена граница влегле 48 илјади луѓе , а преку поморската граница повеќе од 30 илјади. Овие бројки претставуваат 50 проценти од вкупниот број на преминувања на нелегални имигранти во ЕУ Најголемиот дел од илегалните имигранти во Грција доаѓаат од Албанија, но и Мароко, Алжир и Тунис
XS
SM
MD
LG