Достапни линкови

Италија и Унгарија разговарале за интеграција на Балканот во ЕУ


Интеграцијата на земјите од Балканот во Европската Унија е темата за која на денешната средба разговарале унгарскиот министер за надворешни работи Јанош Мартоњи и неговиот италијански колега Франко Фратини. По средбата Фратини изјавил дека надежите се големи овие земји да станат дел од Унијата и дека наскоро Хрватска ќе биде членка на ЕУ. Мортоњи пак изјавил дека пораката на Унијата е дека вратата е отворена за земјите од Балканот. Унгарија ќе го презеде преседавањето на Унијата во јануари 2011, а приоритет на земјата ќе биде интеграција на Балканот во ЕУ.
XS
SM
MD
LG