Достапни линкови

logo-print

Во судири во Северен Кавказ 14 загинати


Вкупно шест полицајци и осум милитанти се убиени во одделни судири во рускиот регион Северен Кавказ, соопштуваат властите. Според портпаролот на регионалната полиција, четворица полицајци загинале а тројца се повредени во судир во селото Костек . Во нападот загинале и пет милитанти. Во друг инцидент пак биле убиени четири вооружени лица откако одбиле полициска наредба да застанат . Двајца полицајци загинале во други напади во Дагестан и во Кабардино-Балкарија. Зголеменото насилство во Северен Кавказ последнава година се поврзува со делувањето на исламистичките сепаратистички милитанти.

XS
SM
MD
LG