Достапни линкови

logo-print

Земјоделски маки


Ланската пченица уште не продадена, а стигна новата реколта

Ланската пченица уште не продадена, а стигна новата реколта

И годинава, земјоделските производители се соочуваат со старите проблеми. Иако, новата реколта од пченицата е на прагот, уште не е продадена минатогодишната, велат во Здружението на земјоделските производители во Куманово.

И покрај многуте ветувања од надлежните во државава дека состојбата во земјоделито ќе се подобри и годинава земјоделските производители се соочуваат со старите проблеми. Иако, новата реколта од пченицата е на прагот, уште не е продадена минатогодишната, велат во Здружението на земјоделските производители во Куманово.
Секоја година се договараме за откуп на житните култури, меѓутоа Владата ќе се замеша, дава поволни субвенции и средства за увоз на жито,така што нашето останува непродадено од претходната
година.


„Секоја година се договараме за откуп на житните култури, меѓутоа Владата ќе се замеша, дава поволни субвенции и средства за увоз на жито, така што нашето останува непродадено од претходната година“, вели Александар Стојановски од Здружението на индивидуалните земјоделски производители во Куманово.

За откупната цена на житните култури тој додава:

„Нормалната цена за житните култури е десет денари по килограм, поради трошоците што земјоделците ги имаат за агротехничките мерки, кои пак се многу скапи во овој период.“
Илустрација: Нива со јачмен

Стојановски информира и за субвенциите за мелкопроизводителите:

„Рокот за аплицирање за субвенциите за млекопроизводителите е продолжен, за земјоделците да можат да ги поднесат документите. За млекото, за овчарството, тој е до крајот на октомври годинава, време за кое ветеринарните центри ќе можат да ги извршат неопходните вакцинирања. Сите земјоделци кои имаат право ќе можат да конкурираат за субвенциите.“
Нормалната цена за житните култури е десет денари по килограм,поради трошоците што земјоделците ги имаат за агротехничките мерки, кои пак се многу скапи во овој период.


Од Подрачното министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, пак, информираат дека до крајот на овој месец, земјоделците ќе можат да аплицираат за добивање државно земјоделско земјиште со површина од седум хектари во атарот на селото Јачинце.

„Земјиштето се доделува за 15 години за растителните култури, а за лозовите и овошните насади на 30 години“, вели Скендер Салии од Подрачната единица за земјоделство во Куманово.

Рокот за пријавување е до 29-ти овој месец. Право за пријавување имаат сите регистрирани земјоделци кои претходно се занимавале со земјоделие, вели Салии.

„За тоа, физичките лица треба да достават барање со понуда, потврда дека немале обврски по однос на неплатена закупнина за друго земјиште, дека не биле основачи или одговорни лица во некое правно лице.“
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG