Достапни линкови

Договори за економска соработка меѓу Македонија и БиХ


Трговската размена меѓу Македонија и Босна и Херцеговина која изнесува 130 милиони долари е на незадоволително ниво и покрај одличните политички односи и близината меѓу двете држави, оцениле по денешната средба во Скопје, министерот за економија Фатмир Бесими и босанскиот министер за надворешна трговија Младен Зиројевиќ. Тие се договориле економската соработка да ја подобрат преку интензивирање на контактите меѓу бизнис заедниците и соработката во туризмот . Македонија и БиХ во рамки на ЦЕФТА имаат целосна либерализација на трговијата.
XS
SM
MD
LG