Достапни линкови

Светската фудбалска треска и во Македонија


Македонија не учествува на Светското првенство во Јужна Африка, но фудбалската треска е присутна и кај нас. Граѓаните масовно ги следат натпреварите, а обложувалниците деновиве се најпосетеното место.

Македонија не учествува на Светското првенство во Јужна Африка, но фудбалската треска е присутна и кај нас. Граѓаните масовно ги следат натпреварите, а заинтересираноста за нив не го намалува ниту калкулантската игра, прикажана во првата недела од шампионатот. Тоа е вообичаено за стартот, а веќе второто коло по групи се очекува да донесе многу поквалитетен фудбал.
Сигурно ќе покажат нешто подобро, ова е почеток. Првите натпревари се со калкулација, за да се добие бод. Понатаму сигурно ќе одат со подобра игра, повеќе голови, поагресивна.


„Сигурно ќе покажат нешто подобро, ова е почеток. Првите натпревари се со калкулација, за да се добие бод. Понатаму сигурно ќе одат со подобра игра, повеќе голови, поагресивна.“

„Наместено е се, првиот круг е наместен, па сега да видиме вториот круг како ќе биде“, велат љубителите на најважната споредна работа во светот за кои Мундијалот е можност и за финансиска заработка.

Затоа, деновиве најпосетени се обложувалниците, во кои уплатите се неколкукратно зголемени во однос на претходниот период, иако барем засега се вложуваат помали суми.

Обложувалниците деновиве се најпосетено место
„Интерес има, луѓето се заинтересирани за игра, но како што е ситуацијата во државата така е и кај нас, играчите ги има, но уплатата е се помала и помала. Има интерес, како и секое светско првенство и ова, луѓето едвај чекаат да почне играта, да има интересни утакмици“,
Има интерес, како и секое светско првенство и ова, луѓето едвај чекаат да почне играта, да има интересни утакмици.
изјави Благоја Кочевски, менаџер во една скопска обложувалница.

Според него, до вчера почести биле уплатите на бројот на голови, што резултирало со многу добивки и покрај неколкуте неочекувани резултати. Затоа и е тешко да се одговори на прашање на кого 19-иот собир на најдобрите репрезентации во светот ќе му донесе поголема добивка - на обложувачите или на обложувалниците?

„Обложувалницата не е дека нема да профитира, но некоја голема заработувачка од светското првенство и европско првенство, никогаш немало. Значи, не знам како ќе заврши оваа година, овој месец сме нешто како сервис за играчите, некогаш ќе добијат, некогаш ќе изгубат, нема голема разлика во тоа што ќе го изгубат и тоа што ќе го добијат“, додаде Кочевски.

Слични се предвидувањата и на љубителите на фудбалот, кои имаат различни фаворити за титулата планетарен првак.
XS
SM
MD
LG