Достапни линкови

logo-print

УНХЦР:можна катастрофа во Киргистан


Високиот комесар за бегалци на ОН денеска изјави дека кризата во Киргистан може да прерасне во катастрофа, ако меѓународната заедница не интервенира. Антонио Гутерес во обраќање на германското радио при неговата посета во Берлин , изјави дека соседите на Киргистан и меѓународната зедница мора да направат се што е во нивна моќ да и помогнат на владата во Киргистан да го поврати мирот и редот во државата. Киргистанските власти соопштуваат дека досега во насилставата загинале 180 луѓе , а повеќе од 2.000 се повредени. Од УНХЦР велат дека 200 илјади луѓе се раселени низ земјата, а 75 илјади ја напуштиле и се наоѓаат во соседен Узбекистан. Соединетите држави во петок во Киргистан ќе го испратат високиот дипломат за Централан Азија, Роберт Блејк.
XS
SM
MD
LG