Достапни линкови

Тридневна жалост во Киргистан


Во Киргистан денеска започна тридневна жалост за жртвите од етничките насилства на југот на земјата. Според киргистанските приверемени власти, над 180 луѓе загинале во судирите меѓу етничките Киргизи и Узбеци, кои започнаа на 10-ти јуни. Според канцеларијата за човекови права на Обединетите Нации, насилствата биле планирани и оркестрирани од вооружени и маскирани групи. Властите во Киргистан го обвинуваат соборениот претседател Курманбек Бакиев, кој е во егзил во Белорусија, но тој ги отфрли таквите обвинувања. Узбекистан соопшти дека прифатил над 75 илјади бегалци од Киргистан, додавајки дека сега ќе прима само болни или повредени. Претставник на Обединетите Нации изјави дека е од витално значење границата на Узбекистан да остане отворена. Тое е и една од целите на посетата на американскиот помошник секретар Роберт Блејк на главниот град на Узбекистан, Ташкент.
XS
SM
MD
LG