Достапни линкови

Американскиот помошник државен секретар во посета на Ташкент


Американскиот помошник државен секретар Роберт Блејк ќе допатува во посета на Ташкент, главниот град на Узбекистан, каде што побегнаа илјадници луѓе од Киргистан поради насилствата. Најмалку 176 луѓе загинаа, а околу 2 илјади беа повредени во насилствата меѓу етничките Узбеци и Киргизи во јужен Киргистан. Десетици илјади луѓе избегаа во Узбекистан, а според хуманитарците од Обединетите Нации, од витално значење е да остане отворена границата со Узбекистан.
XS
SM
MD
LG