Достапни линкови

logo-print

Веќе познат ривал за Марадона


Аргентинскиот селектор Диего Марадона ќе види веќе познат непријател во ривалскиот ветеран кога неговиот тим в четврток во Јоханесбург ќе се соочи со Јужна Кореја.

Аргентинскиот селектор Диего Марадона ќе види веќе познат непријател во ривалскиот ветеран кога неговиот тим в четврток во Јоханесбург ќе се соочи со Јужна Кореја, во вториот меч во рамките на Групата Б на Светското првенство во фудбал во Јужна Африка.

Имено, селекторот на Јужна Кореа Ху Џунг Му беше човекот со задача да го стопира Марадона кога нивните репрезентации играа во рамките на Светското првенство во Мексико во 1986 година.

„Многу добро се сеќавам на Ху“. изјави Марадона по извлекувањето на ждрепката во декември минтата година.

„Во 1986 година, Корејците против нас играа теквондо, а не фудбал“.

Сепак, Корејците не успеаја да ја запрат брилијантната игра на Марадона која ја доведе аргентинската репрезентација до победа од 3:1, по што и беше отворен патот за да го освои Светскиот куп по победата во финалето против Западна Германија.

Аргенитна и Јужна Кореа се среќаваат утре откако во првите мечеви Аргенитна ја победи Нигерија со 1:0, а Јужна Кореа ја совлада Грција со 2:0.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG