Достапни линкови

Иниеста подготвен за денешниот натпревар


Austria -- Spanish players hold the trophy as they celebrate winning after the Euro 2008 championships final football match Germany vs Spain in Vienna, 29Jun2008

Austria -- Spanish players hold the trophy as they celebrate winning after the Euro 2008 championships final football match Germany vs Spain in Vienna, 29Jun2008

Еден од фаворитите, Шпанија, првиот натпревар против Швајцарија ќе го игра во комплетен состав. Повредите ги залечија Иниеста, Торес и Фабрегас

Фудбалерот на шпанската репрезентација Андрес Иниеста најверојатно ќе биде подготвен за првиот меч на Светското првенство, што неговиот тим го игра денеска против Швајцарија. Тој вчера успешно го минал целиот тренинг, прв пат по повредата на десната нога од минатата недела, кога Шпанија играше пријателски натпревар со Полска. Селекторот Винсенте дел Боске изјави дека сега на располагање му се сите 23 фудбалери, бидејќи се опоравиле и Торес и Фабрегас.

Иниеста е еден од клучните играчи на шпанската репрезентација и е единствен кој на Европското првенство во 2008 година беше стартер на сите 6 натпревари.

  • 16x9 Image

    Благоја Кузмановски

    Во новинарството е од 1993 година, кога почнува да работи во дневната редакција на Македонското радио. Бил уредник и водител на сите дневно – политички информативни емисии на програмите на радиото. Од 2002 година е шеф на дописништвото на Радио Слободна Европа во Скопје.

XS
SM
MD
LG