Достапни линкови

logo-print

Груевски: не се тргува со интересите на народот и државата


ВМРО-ДПМНЕ останува силно фокусирана на процесот на изнаоѓање решение зашто тоа и треба на Македонија за побрзо да напредува, но исто така ВМРО-ДПМНЕ нема намера интересите на сопствениот народ и држава да ги тргува со кого било и со што било. Секој кој игра на картата на уцена, притисок и на закана треба да знае дека го губи времето. Ова го порача лидерот на оваа партија Никола Груевски на синоќешната прослава на 20- годишнината на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа во центарот на Скопје. Доколку се јави подготвеност за решение на спорот, кое нема да направи штета на никого, па ни на Република Македонија, и доколку се има таков конкретен предлог, кој би бил прифатлив за другата страна, ВМРО-ДПМНЕ согласно ветеното ќе распише референдум на кој сите два милиона граѓани ќе ја донесеме одлуката која, каква и да е, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати. Ова е прашање кое не може да се реши со принуда, туку со разум. Истовремено, јасно порачуваме дека не сакаме и нема да дозволиме да го земат тоа што е наше, истакна Груевски. Лидерот на владејачката партија рече дека ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од стратегиската цел Македонија да стане членка на НАТО и на Европската унија. Не се откажуваме од реформите независно дали некој не блокира, зашто нив ги правиме, пред се, за подобра иднина на нашиот народ, истакна тој.
XS
SM
MD
LG