Достапни линкови

ОН бараат итен прекин на етничките убивања во Киргистан


ОН побараа од Киргистан итна и решителна акција за прекин на етничките убивања на југот на земјата. Високиот комесар за човекови права Нави Пилај побара од властите во Бишкек брзо дејствување за заштита на народот. Претходно киргистанските власти соопштија дека во последните насилства против етничките Узбеци во јужниот град Ош загинале најмалку 176 луѓе, но Меѓународниот комитет на Црвениот крст изрази страхување дека има неколку стотици загинати.
XS
SM
MD
LG