Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја ќе ја проверува истрагата за потонатиот брод


Северна Кореја предупреди дека нејзините воени сили ќе реагираат ако Советот за безбедност на ОН ја осуди земјата за потонувањето на јужнокорејскиот воен брод. Сеул го обвинува Пјонгјанг дека во март го потопил воениот брод при што загинаа 46 јужнокорејски морнари. Севернокорејскиот амбасадор во ОН Син Сон Хо изјави дека неговата земја сака да испрати свој тим на местото на инцидентот за да ги провери резултатите од истрагата на Јужна Кореја „на објективен и научен начин“.
XS
SM
MD
LG