Достапни линкови

ВАЦ се повлекува од Србија


Директорот на германската медиумска групација ВАЦ, Бодо Хомбах писмено го информирал претседателот на Србија Борис Тадиќ, дека групацијата планира да ги повлече своите инвестиции од земјата и да почне да ги продава своите акции во српските фирми. ВАЦ во моментов е сопственик на 50 проценти од најстариот српски весник „Политика“, додека другите 50 отсто се во сопственост на државата. Групацијата контролира и 55 отсто од весникот „Дневник“, кој излегува во Нови Сад. Групацијата ВАЦ, која на српскиот медиумски пазар е присутна од октомври 2001 година, печати 135 илјади примероци од различни печатени изданија дневно, меѓу кои се „Политика“, „Спортски журнал“, „Дневник“ и српското издание на списанието „Ауто Билд“.
XS
SM
MD
LG