Достапни линкови

Бериша се плаши од многу барања за азил по визната либерализација


Албанскиот премиер Сали Бериша најави посебна стратегија против обидите за барањата политички азил на албанските граѓани, во што е убеден дека ќе се случи по укинувањето на визите за земјите во ЕУ. Бериша апелира до своите граѓани дека барањето политички азил е целосно погрешно и бара од нив да бидат многу внимателни. Во јули се очекува во Тирана да допатуваат инпектори на Европската Комисија за да го оценат исполнувањето на дополнителните три барања од ЕУ за либерализација на визниот режим, стратегијата за реинтеграција на протераните, спроведување на законите за борба против корупцијата и за антимафија.
XS
SM
MD
LG